Skip to main content

Наше дете растура во Еврокупот

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски е избран за најкорисен играч (МВП) на 10. коло во Еврокупот.

Јакимовски пред два дена го предводеше Тренто до победа на гостувањето кај Бург со 91:73.

Македонецот натпреварот го заврши со 30 поени, седум скока и три асистенции или 43 индексни поени. 

Воедно, Јакимовски постави нов клупски рекорд по индекс поени за италијанскиот тим на евросцената.

Поврзани вести