
Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија донесен еден новитет. Во пресрет на дуелите од претквалификациите за Светскиот куп 2027 година на дресовите на националниот тим повеќе нема да стои „Северна“.
На последната фото сесија забележиво е дека сега стои кратенката „МКД“ напишана на латиница.
Потегот е со големо значење, ова особено што претседателот на федерацијата Томе Главчев најави дека ќе го врати старото име на Кошаркарската федерација.