
Па завршувањето на овогодинешниот Евробаскет, првата ѕвезда на Грција, Јанис Адетокумбо, и неговото семејство доживеаја голема непријатност и нешто што ги погоди.
Адетокумбо и неговата сопруга Мараја добија застрашувачки закани, а Мараја објави една на Инстаграм
„Ќе ви го убиеме целото семејство. Ќе бидете во страв каде и да одите“, пишува во пораката испратена до Марија од навивач на турската репрезентација.
„Бидејќи сакате приватно да ме контактирате, сега јавно ќе му кажам на целиот свет кој сте. Честитки до турската репрезентација за медалот, имате одличен тим! Но, ваквото однесување е неприфатливо. Се надевам дека оние што оставаат вакви коментари и испраќаат одвратни пораки до моето семејство се горди на себе“, рече Мараја.