Skip to main content

Евробаскет: Германија лесно во четвртфиналето, вечерва ја гледаме Србија

 Кошаркарите на Германија изборија четвртфинале на Евробаскет 2025 откако попладнево го совладаа тимот на Португалија со 85:58 (17:12; 14:20; 21:19 и 33:7).

Германија одигра одлична последна четвртина и откако на крајот од третиот период беше 52:51 во последните десет минути германскиот тим погоди седум тројки од десет обиди откако претходно имаа 3/26 шут за три поени. Најефикасни кај победничкиот тим беа Денис Шредер и Франц Вагнер со по 16 поени.

Во четвртфиналето Германија ќе игра со победникот од утрешниот натпревар Италија – Словенија.

Поврзани вести