
)Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, го одреди списокот на 12 играчи кои вечер ќе бидат во официјалниот протокол за натпреварот со Азербејџан.
Во финалните 12 за премиерниот натпревар во претквалификациите е најновото играчко засилување за „црвено-жолтите“ – Омари Мур.
На списокот на Илиевски се најдоа:
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
Теодор Симиќ – Кожув
Адем Мекиќ – Бора – Косово
Ваљмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Омари Мур – Валенсија – Шпанија.
Натпреварот од „А“ групата од претквалификациите за Евробаскетот 2025 година ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 19 часот

Македонски








