
Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се случува за првпат.
-Со големо задоволство информираме дека од денеска почна пријавувањето за сите заинтересирани деца. Особено сме горди што можеме да споделиме дека децата од македонската заедница ќе ги посетуваат овие курсеви бесплатно, додека за сите останати деца ќе се применува симболична цена, информираше Елена Симонофски, претседателка на здружението.
Додава дека оваа активност ја преземаат бидејќи здравјето, воспитувањето и развојот на децата се најважната инвестиција за нашата иднина.
-Преку спортот, децата не само што ги развиваат своите физички способности, туку учат и важни вредности како дисциплина, почит, соработка и самодоверба. Децата се нашата иднина па наша заложба е да им овозможиме да растат здрави, силни и успешни, нагласи Симонофски.
Посочува дека децата ќе бидат организирани во групи според возраста, тренинзите ќе ги одржуваат посветени тренери, а ќе има и забавни активности.
Симонофски, апелира да се пријават што поголем број деца а за повеќе информации може да ги контактираат во здружението, кое се подготвува за вакви активности и по други спортови.
Во зависност од бројот на децата по место на живеење ќе зависи и тоа каде се ќе има курсеви по кошарка

Македонски



