
– Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Битола триумфираше над Ерменија со 2-1.
До премиерниот триумф во квалификациската група Е избраниците на селекторот Горан Станиќ дојдоа со пресврт во второто полувре со двата гола на Трајков.
Ерменците ја искористија анемичната игра на македонскиот состав во првото полувреме и дојдоа во водство во 38 минута со голот на Хофхасјан.
Во вториот дел, македонската репрезентација тргна офанзивно што доведе до израмнување на резултатот во 54 минута преку Трајков, а истиот фудбалер со својот втор гол вечерва во 83 минута ѝ донесе на македонската репрезентација прва победа по двата воведни порази од Полска (0-3) и Италија (0-1).
Во следното коло македонските фудбалери на 14 октомври ги очекува натпревар против Црна Гора на гостински терен