Skip to main content
RILbd7wNBr4

Вака се тепаат на фудбал во Колумбија

 Вкупно 59 лица се повредени, вклучувајќи седум полицајци, за време на финалето на фудбалскиот Куп на Колумбија во инцидентите предизвикани од навивачите на соперничките тимови.

Насилството избувна откако Атлетико Насионал го победи Депортиво Индепендиенте Меделин со 1-0 во реваншот од финалето на Купот на Колумбија на стадионот „Атанасио Жирардот“ во Меделин.

Началникот на локалната полиција, Вилијам Кастано, изјави за локалните медиуми дека полицајците при претресите на стадионот заплениле оружје, ракети и факели од навивачите.

„Беше неопходно да се примени постепена употреба на сила за да се спречат навивачите да го окупираат теренот, да се спречат сите можни нарушувања на јавниот ред и мир и да се гарантира безбедноста на граѓаните кои присуствуваат на настанот“, додаде Кастано.

Поврзани вести