Skip to main content

Утрешните мечеви без публика поради страв од инциденти

 Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) донесе одлука натпреварите од 17. коло и 18. коло во Првата македонска фудбалска лига да се играат без присуство на публика.

Утре од 13 часот ќе се играат натпреварите од 17. коло, додека на 8 декември се закажани средбите од 18. коло.

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари, информира ФФМ.

Инаку, првичниот термин за натпреварите од 17 коло беше 1 декември од 13 часот.

Поврзани вести