Skip to main content

Трагедија на СП, почина репрезентативец на Јужна Африка

instagram.com/jaydenadams_23

Репрезентативецот на Јужна Африка Џејден Адамс почина на 25 години, само неколку дена откако беше дел од репрезентацијата на својата држава на Мундијалот. Настапи на три натпревари во групната фаза, но не играше во 1/16 финалето против Канада.

Веста за смртта ја потврди и семејството, како и фудбалската федерација.

Причината за смртта не е позната, но има шпекулации дека станува збор за самоубиство, бидејќи имал проблеми со депресија.

Како репрезентативец на Јужна Африка на девет натпревари постигна еден гол, а настапуваше за екипата на Мамелоди Сандаунс. 

Поврзани вести