Skip to main content

Тотенхем бара полициска акција поради расистички напади кон Дансо

Freepik

Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција.

Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо.

„Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е кривично дело. Нема да се толерира, соопшти клубот.

Клубот објави дека расистичката злоупотреба на австрискиот репрезентативец е пријавена во полицијата и надлежните институции и оти ќе бидат преземени најстроги можни мерки против секое лице кое ќе успеат да го идентификуваат.

„Ќе инсистираме на најсилна можна акција против секое лице што ќе го идентификуваме. Кевин ја има нашата целосна и безусловна поддршка како играч и како личност. Никој во овој клуб никогаш нема да стои сам пред ова. Ништо поврзано со формата или позицијата во лигата никогаш не може да оправда или објасни расистичка злоупотреба“, додаде лондонскиот клуб.

Поврзани вести