
Менаџерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, смета дека неговиот тим е блиску до освојување на едно од првите осум места во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ синоќа ја совладаа Борусиај Дортмунд со 4:1 во четвртото коло од елитното фудбалско натпреварување.
– Голема почит кон моите играчи. Во добра позиција сме пред нашиот следен натпревар против Баер. Ако можеме да постигнеме уште една или две победи, Сити ќе биде многу блиску до завршување меѓу првите осум. Секој пат кога одам на прес-конференција, Халанд соборува уште еден рекорд! Среќен сум за него. Ерлинг го заслужува тоа. Колку повеќе добри играчи има околу себе, толку полесно ќе му биде. Така обично функционира во врвните клубови. Добрите играчи го зголемуваат потенцијалот на секого, изјави Гвардиола за официјалната веб-страница на УЕФА.
Манчестер сити се искачи на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите со 10 бода, додека Борусија Дортмунд е 12-та со седум бода

Македонски







