Skip to main content

Симеоне уште се надева на титулата, ќе чека кикс на Реал за Барса

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одговори дали смета дека загарантираното место во Лигата на шампионите следната сезона е доволно за тимот.

– Секако, тоа е исклучително важно, но главната цел на клубот, како на Барселона и Реал Мадрид, е да станеме  шампиони. Беше тешка сезона, тешко е да се објасни. Од една страна, го загубивме Купот на пенали, но од друга страна, се боревме напорно во Лигата на шампионите, играјќи неверојатно четвртфинале против Барселона, давајќи се од себе. Неверојатно е фрустрирачки да бидеш елиминиран кога си толку блиску. Но, по овие три дена гнев, ќе продолжиме да се обидуваме и да се бориме, изјави Симеоне за шпанските медиуми.

На 5 мај, Атлетико Мадрид загуби со 1:0 од Арсенал во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и е елиминиран со вкупен резултат 2:1.

Вчера Атлетико на домашен терен беше поразен од Селта со 1:0. Тимот е четврти во Ла Лига со 63 бода и четири кола до крајот

Поврзани вести