Фудбалската Федерација има нов претседател. Тоа е Масар Омерагиќ кој беше единствениот кандида по оставката на досегашниот прв човек, Муамет Сејдини, кој што се повлече од оваа функција на денешното вонредно Собрание на Фудбалската Федерација на Македонија.
Омерагиќ ја доби довербата од 62. присутни делегати на собранието и вети многу работа.Според него, резултататите не можат да дојдат преку ноќ а довербата мора да се оравда.