
Дваесет и осумгодишен жител на Прилеп е приведен рано утринава во Охрид, откако, според полицијата, агресивно се однесувал кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јули 2026 година околу 05:10 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода А.К. (28) од Прилеп.
По извршеното алкотестирање било утврдено дека кај него имало 2,14 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонски


