Skip to main content

Санчо во Астон Вила или Галатасарај

Крилниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, може да го напушти клубот, објави новинарот Николо Шира.

Дваесет и петгодишниот Англичанец ќе се врати во Манчестер јунајтед по позајмица во Челзи, но нема да остане во клубот од „Олд Трафорд“. Астон вила и Галатасарај се заинтересирани за играчот, но проблем во евентуалниот трансфер може да биде неговата висока плата.

Челзи го ангажираше Санчо на позајмица од Манчестер јунајтед во летото 2024. Тој има одиграно 41 натпревар за тимот, постигна пет голови и 10 асистенции. 

„Трансфермаркт“ пазарната вредност на Санчо ја проценува на 28 милиони евра