Skip to main content

Роналдо не освои ниту еден трофеј, но е прогласен за играч на годината во Саудиска Арабија

Португалскиот репрезентативец и член на Ал-Наср, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во сезоната 2024/25 во првенството на Саудиска Арабија.

Роналдо освои најмногу гласови во изборот на навивачите на тимовите од тамошната лига.

Четириесетгодишниот Португалец одигра 30 натпревари во текот на сезоната, од кои на 15 беше прогласен за најдобар играч. Постигна 25 гола и имаше три асистенции.

Во јуни, Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср до 2027 година. 

Порталот „Transfermarkt“ ја проценува вредноста на Роналдо на 12 милиони евра

Поврзани вести