
Реал Мадрид продолжува да му нуди целосна поддршка на својот фудбалер Винисиус Жуниор кој беше исвиркан од навивачите во победата од 2:0 над Севиља во 17. коло од Ла Лига, објавува „Ас“.
Овој инцидент предизвикал загриженост кај раководството на клубот. Тие ја ценат напорната работа и посветеноста на Винисиус на теренот, но забележуваат дека Бразилецот не е во најдобра форма во последно време.
Клубот наводно размислува за кратка пауза за Винисиус како решение за моменталната ситуација. Тој веќе е на одмор, а Реал Мадрид се надева дека оваа пауза ќе му овозможи на играчот да се наполни ментално, да ја врати мотивацијата и да се врати во подобра форма за втората половина од сезоната.
Винисиус постигна пет гола и имаше осум асистенции на 24 натпревари во текот на сезоната 2025/26.

Македонски






