Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах практично се договорил за продолжување на договорот со клубот, објави новинарот и инсајдер Николо Шира на своите профили на социјалните мрежи.
Според Шира, новиот договор ќе има важност до 2027 година со опција за продолжување на уште една година. Актуелниот договор на Египќанецот со „Мерсисајдерите“ е до летото 2025 година.
Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Сезонава одигра 24 натпревари за клубот во сите натпреварувања, на кои постигна 18 гола и 15 асистенции.
Триесет и двегодишниот напаѓач неодамна стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со 10 гола и 10 асистенции во четири последователни сезони