Skip to main content

ПМФЛ: Победи за Пелистер и Башкими

ФОТО: ФФМ

Пелистер го совлада попладнево Шкупи со 2-0 додека Башкими триумфираше над Тиквеш со 3-1 во двата денешни натпревари со кои се комплетираше 3. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Пелистер го пречека Шкупи во Кавадарци и ја забележа втората победа оваа сезона со головите на Ристиќ (59) и Булатовиќ (85).

Фудбалерите на Башкими ја искористија предноста на домашниот терен и пред своите гледачи во Куманово извојуваа победа со головите на Алексовски (36, 78) и Симоновски (47), додека Мишов го постигна почесниот гол за Тиквеш во 56 минута.

ПМФЛ – 3 коло:

Пелистер – Шкупи 2-0

Башкими – Тиквеш 3-1

Шкендија – Арсими 0-0 (недела)

Силекс – Македонија ЃП 3-0 (сабота)

Вардар – АП Брера 2-2 (петок)

Струга – Работнички 2-0 (петок).

Табела: Силекс 9, Струга 9, Шкендија 7, Вардар 7, Башкими 7, Пелистер 6, Арсими 2, Тиквеш 1, Работнички 1, АП Брера 1, Македонија ЃП 0, Шкупи 0.