Skip to main content
DHN3Uexq-Hg

Некогаш големата Сампдорија ќе се спаси од испаѓање во третата лига

 Реваншот од баражот за опстанок во Серија Б помеѓу Салернитана и Сампдорија синоќа беше прекинат поради однесувањето на навивачите на домашната екипа. Тие фрлија димни бомби и тврди предмети на теренот.

Нередите започнаа откако Сампдорија поведе со 2:0 (4:0 вкупни). Играчите мораа да го напуштат теренот во 65. минута. Десет минути подоцна, судијата се обиде да го продолжи мечот, но навивачите на Салернитана почнаа да фрлаат предмети кон него. Натпреварот конечно беше прекинат.

Со голема веројатност Салернитана ќе добие службен пораз, а клубот ќе испадне во Серија Ц.

Сампдорија го зазеде 17. место на табелата по лигашкиот дел во Серија Б, а Салернитана заврши на 16. позиција

Поврзани вести