Skip to main content

На фудбалски меч во Сингелиќ крвнички претепан гостинскиот голман, ЕБР ги спасила фудбалерите од целосен линч

ФК.Пчиња 2015

Физички напад и предизвикани сериозни повреди врз фудбалер се случиле на натпреварот меѓу Фортуна и Пчиња, одигран во скопското село Сингелиќ, во рамките на Третата фудбалска лига – Север.

Натпреварот бил прекинат во 75. минута, при резултат 1:1, поради тоа што гостинските фудбалери одбиле да продолжат откако се случил наадот врз нивниот фудбалер.

Според информациите од тимот на Пчиња, прво домашната публика ја нападнала гостинската, составена главно од родители и роднини на играчите на Пчиња, а потоа на сцена стапиле фудбалерите на Фортуна кои крвнички го претепале голманот на Пчиња, Никола Стојановски.

Според информациите, почнал еден од резервните фудбалери, а му се придружиле уште петмина кои го клоцале голманот додека тој не загубил свест. Соиграчите на голманот се обиделе да му помогнат, но и тие биле нападнати. Судијата не смеел да го прекине натпреварот, па фудбалерите на Пчиња го напуштиле теренот, а потоа ја чекале Единицата за брзи интервенции за безбедно да си заминат од селото.

Тренерот на Пчиња, Часлав Вукановски изјави дека голманот Стојановски итно бил однесен во кумановската болница каде што бил задржан.

Поврзани вести