
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, објасни што треба да направи тимот за да ја освои МЛС.
– Се подобривме и станавме значително посилни во последните две сезони. Сепак, сè уште сме неконзистентни и примаме многу голови. Ако сакаме да ја освоиме МЛС, треба да продолжиме да се подобруваме во дефанзива. Го почувствувавме тоа минатата година кога бевме први по регуларниот дел од сезона, а потоа бевме елиминирани во првото коло на плејофот, изјави Меси за „ESPN“.
Оваа сезона, Интер Мајами се пласираше во осминафиналето на плејофот, каде што го добија првиот натпревар од серијата против Нешвил Предаторс со 3:1. Реваншот ќе се одржи на 2 ноември во Нешвил
 
                    
 
                         Македонски
Македонски








