
Фудбалските репрезентации на Уругвај, Колумбија и Парагвај, на едно коло пред крајот на мундијалските квалификации, обезбедија пласман на Светското првенство 2026.
Двократниот светски шампион Уругвај забележа победа на домашен терен над Перу со 3-0 која ги искачи на третото место на табелата во јужноамериканските квалификации со 27 бодови, бод зад второпласираниот Бразил, кој го победи Чиле со 3-0.
Колумбија, исто така, забележа победа од 3-0 над Боливија, со што обезбеди враќање на мундијалскиот турнир, откако го пропушти Светското првенство во Катар во 2022 година.
По пауза од 16 години на мундијалскиот турнир се враќа и Парагвај, кој на домашен терен во Асунсион одигра без голови со Еквадор, што на домаќините им беше доволно да го заверат шестото место на табелата кое носи директен пласман на Мундијалот следната година во САД, Мексико и Канада.
Во последниот натпревар од вечерта, актуелниот светски шампион Аргентина победи со 3-0 против Венецуела на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес. Двоен стрелец беше аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој беше прецизен во 39. и 80. Минута.
За 38-годишниот Меси, ова веројатно беше неговиот последен натпревар во репрезентативниот дрес на домашен терен, што тој самиот го навести по натпреварот, но додаде дека е исклучително мотивиран за претстојното Светско првенство