Skip to main content

Maшината на Реал зариба во Ваљекано

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо даде свое видување за настапот на тимот по два натпревара без голови.

Реал вчера одигра 0:0 со Рајо Ваљекано во натпреварот на гости од 12. коло на шпанското фудбалско првенство.

– Свесни сме за нашата ситуација. Треба да можеме да балансираме помеѓу добрите и тешките периоди. Сезоната е долга, очекувањата се огромни, но се справуваме со нив и се подготвуваме за нив. Второто полувреме од натпреварот можеше да се одвива во двата правци. Не го припишувам ова на емоционални подеми и падови. Се стремиме кон конзистентност во нашите подготовки и менталитет, бидејќи сè уште е ноември и има долг пат пред нас, рече шпанскиот тренер на прес-конференција. 

Реал Мадрид (31 бод по 12 натпревари) е на врвот на табелата во шпанската Ла Лига

Поврзани вести