Skip to main content

Ја запалија и полициската станица: 100 загинати навивачи во Гвинеја

Судирите на фудбалски натпревар во Гвинеја резултираа со десетици мртви, јавуваат болнички извори од африканската држава. Сцените на масакрот вклучуваат преполни мртовечници и ходници. Неофицијални видеа покажуваат хаос, а гневните толпи подоцна палат полициска станица. Властите допрва треба да ја потврдат бројката загинати. 

Инцидентот почна меѓу навивачи на фудбалски натпревар во Н’Зерекоре, вториот по големина град во Гвинеја.

-Се започна со спорна одлука на судијата. Потоа навивачите го нападнаа теренот, изјави сведок за „Франс прес“, барајќи неговото име да не се објавува од безбедносни причини.

Локалните медиуми соопштија дека натпреварот бил дел од турнирот организиран во чест на водачот на хунтата во Гвинеја, Мамади Думбуја, кој ја презеде власта со државен удар во 2021 година и се постави себеси како претседател. 

Се стравува дека бројката на настрадани може да достигне 100. 

Поврзани вести