
Со победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, фудбалерот на Астон Вила, Марко Асенсио, си ја зголеми личната колекција на освоени трофеи во најпрестижното клупско натпреварување во Европа. Иако настапува за англискиот премиеригаш, победата на ПСЖ за Асенсио е четврти пат како се закитува со титулата од Лигата на шампините.
Причина за тоа е што Шпанецот беше дел од тимот на ПСЖ до јануари, кога замина на позајмица во Астон Вила. Со нив, Асенсио дури и играше против ПСЖ во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Сепак, Асенсио одигра четири натпревари во групниот дел од натреварувањето, пред да замине во Англија, и со тоа го запиша своето име меѓу фудбалерите коишто го освоиле големиот трофеј.Т
На тој начин, Асенсио дојде до својата четврта титула во Лигата на шампионите откако веќе освои три со Реал Мадрид во 2017, 2018 и 2022 година.