
Победа за Струга од 2:0 против Македонија ЃП и нерешен резултат 1:1 меѓу Башкими и Арсими, се резултатите од двата дуела кои беа дел од денешната програма од првото коло во Првата фудбалска лига.
На вчера одиграните дуели победија домашните екипи. Вардар во дербито со 4:1 го совлада Пелситер, додека Шкендија го совлада Шкупи со 5:1.
Утре во 17:30 часот во Кавадарци играат Тиквеш и Работнички, додека колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот во Кратово меѓу Силекс и АП Брера.