
Македонскиот првак во футсал Форца со победа ги почна квалификациите во Лигата на шампиони, откако вечерва во Куманово триумфираше над Енкамп од Андора со 4-0 во воведниот натпревар од групата А.
Форца до победата пред своите гледачи во спортската сала во Куманово дојде со головите на Берат Рамадани (13), Линарес (31) и Јакуп Рамадани (34, 40).
Во првиот натпревар од денешната програма, Мурата од Сан Марино го совлада ерменскиот првак Ереван со 3-1.
Во терминот од 20:30 часот утревечер противник на Форца ќе биде Мурата, додека в сабота, во завршното коло, кумановскиот состав ќе игра против Ереван.
Пласман во главната квалификациска рунда ќе обезбеди само првопласираната екипа