
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку важи одлуки. Најголема казна му е изречена на поранешниот шампион Победа од Прилеп, која до крајот на 2025 година нема да игра домашни натпревари со присуство на гледачи.
Во сабоата по натпреварот од 12. коло на Втората лига, а по повлекувањето на гостите во соблекувалната, се случи инцидент. Еден навивач на Победа го скрши импровизираниот прозорец, ама пред да настане вистински хаос беше со играчите на противничкиот тим беше спречен од страна на полициски службеник.
Во соопштението на Дисциплинската комисија се вели: ФК Победа се казнува со четири натпревари забрана за одигрување домашни натпревари без публика и парична казна од 3.000 евра поради навредливо скандирање на национална основа, истакнување транспаренти со навредлива содржина, како и поради оштетување на стакло од соблекувалната на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на гостинските фудбалери на натпреварот Победа – Шкендија Арачиново“.
Министерството за внатрешни работи пред неколку дена откри дека сторителот е приведен.

Македонски







