
Барселона вечерва го победи Атлетик Билбао со 4:0 дома во 13. коло од шпанската Ла Лига.
Домаќините го одиграа својот прв натпревар на „Камп Ноу“ по неговото реновирање. Барселона не играше на својот стадион од мај 2023 година.
Головите за Каталонците ги постигнаа Феран Торес (два), Роберт Левандовски и Фермин Лопез.
Барселона со 31 бод изби на првото место на табелата, пред второпласираниот Реал Мадрид кој исто така има 31 бод и натпревар помалку.

Македонски








