Skip to main content

Арсими се зацврсти на средина на табелата

Екипата на Арсими ја постигна десетата победа во првенството откако денеска на домашен терен го совлада Пелистер со 1:0 во дуел од 27.коло од ПФЛ. Единствениот гол го постигна Мухџедин Дардишта во 44.минута. Во вториот дел гостите од Битола беа подобрата екипа, но не успеаја да изедначат.

Арсими остана на седмото место на табелата со 35 бодови, додека Пелистер е на деветтото место со 26 бодови.

Последниот натпревар од оваа рунда се игра попладнево. Во Струмица Брера АП е домаќин на Македонија ЃП.

Поврзани вести