
Во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип од 23 до 25 октомври ќе се одржи 40.јубилејно издание на фестивалот на забавна музика „Макфест“. Александар Арсовски продуцент на Фестивалот „Макфест“ од Општина Штип вели дека подоготовките веќе се во тек, се одржуваат проби, со што се очекува наредната недела Штип да пулсира во ритамот на музиката. Новитет оваа година е што „Макфест“ ќе се одржува три вечери по ред, настанот ќе се пренсува во живо на јавниот сервис МТВ, со поставен 150 метри дис плеј, а се изработуваат и визуелизации за секоја песна.
Музичарите ќе бидат пратени од оркестар кој ќе го сочинуваат 20 солисти. Очекуваме оваа и наредната недела Штип да вибрира во знаците на „Макфест“, изјави Арсовски.
На денешната прес-конференција уметничкиот директор на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, Роберт Саздов најави дека на трите фестивалски вечери ќе се претстават 40 изведувачи, од државата и од странство.
Првата вечер имаме 13 композиции, втората вечер иамме 14 песни, таму се поафирмирани пеачи, рече Саздов.
Во третата вечер поканивме пеачи бвуквално до секоја декада, гледавме да ги опфатиме пеачите од деведесетите години, кои не ги гледаме често, вели Јован Јованов член на уметничкиот совет на „Макфест“.
Дел од изведувачите на Макфест и по долги години се сеќаваат на почетоците, на изведбите на овој фестивал и резултатите кои ги постигнале. Сите се согласни дека станува збор за еден од најдобрите фестивали на забавна музика во државата.
И оваа година на „Макфест“ ќе се избира најслушана песна, а фестивалот нема да има натпреварувачки карактер со победници.