
Препознатлива по уникатниот музички израз и неодоливата балканска емоција, Сенидах со години цврсто стои на тронот на современата регионална музичка сцена. Нејзиниот сценски настап секогаш носи силна визуелна и аудио порака, а низата хитови со милионски прегледи и соработките со најголемите имиња од регионот ја позиционираат меѓу најавтентичните и највлијателни артисти на денешницата.
Скопје, слатко мое Скопје… На 14 февруари се гледаме во арената „Јане Сандански“… Ајде, ве бакнувам, се гледаме… едвај чекам“, порачува Сенидах во видеообраќањето упатено до македонските фанови, а со кое го најави својот прв солистички концерт во главниот град.
Концертот во Скопје, кој ќе се одржи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“, е во организација на SKYMUSIC продукција, а публиката може да очекува спектакл од највисок ранг – врвна продукција, моќен звук, впечатлив сценски дизајн и бројни музички и визуелни изненадувања. Вечер што ќе се памети, токму на Денот на вљубените.

Македонски



