Skip to main content

Првпат во живо натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Македонија“ 2025

Музичка младина на Македонија го организира натпреварот за млади музичари и бендови со авторска музика „Imagine Македонија“ 2025, националното издание на меѓународниот натпревар за млади музички бендови „Imagine Music Experience“. 

Оваа година настанот за првпат ќе се одржи во живо, во рамки на фестивалот „Здраво Млади“, во Младинскиот културен центар – Скопје, во петок (10.10.25), со почеток во 19:00 часот.


На сцената ќе настапат осум бендови, кои ќе се натпреваруваат за можност да ја претставуваат Македонија на меѓународното финале на Imagine во Белгија.

Поврзани вести