
Водителот Воја Недељковиќ во последното шоу од третото коло на талент шоуто „Ѕвезде Гранда“ истакна дека победникот во тековната сезона ќе го однесе трофејот со името Саша Поповиќ.
– Донесена е одлука победничката статуа, која ќе ја понесе победникот во 2025 година, да го носи името на нашиот пријател, автор, творец на она што со години го правиме овде, Саша Поповиќ – истакна Воја, а потоа додаде:
– Еден од овие млади луѓе од Србија или од регионот ќе ја однесе дома победничката статуа со името на Саша Поповиќ и тоа е најмалото нешто што можевме да го направиме во овие денови кога работиме без него.
Извор: Убавина и Здравје