Skip to main content

Заеднички концерт на Мартин Џорлев, Нинослав Спировски и Мартин Георгиевски во Социјален Центар Дуња 11декември

Овој четврток на 11ти Декември, со почеток од 20 часот, во Дуња ќе настапат со заеднички сет Мартин Џорлев (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет) и Мартин Георгиевски (електроника)

Мартин Џорлев е широко препознаен по својот значаен придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку успехот на инди-рок/пост-панк бендот Луфтанза. Неговата кариера започна како дел од различни музички состави и проекти, како што се Zulu 3.4, Lufthansa, Стој, После! И Животни, кои оставија белег на македонскиот креативен пејзаж.

Нинослав Спировски е македонски фри џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата што го поттикна новиот бран на импровизирана музика во земјава. Како еден од најактивните учесници на сцената, застапува личен израз и оригиналност надвор од традиционалните џез шеми. Најпознат е по работата со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра, а учествува и во бројни други состави.

Мартин Георгиевски настапува како Amplidyne Effect од 2009 година, а фокусиран е на електронска, амбиентална и експериментална музика, претежно во форма на импровизирани сесии. Има издадено бројни изданија, а музиката ја изведува соло и со бендови како Post Global Trio, Meissa Ionis, ТРИМА и Светлост + Odron Ritual Orchestra. Настапувал на Pohoda Festival во Словачка, PNEM Soundart Festival во Холандија, De:sonanz, Скопскиот џез фестивал и многу други.

Влез е препорачана донација за артистите.

Поврзани вести