
Кроација рекордс објави специјално издание на „Гитарски песни“ од Влатко Стефановски
Изданието на „Гитарски песни“ од Влатко Стефановски е дел од најзначајниот и најамбициозен дискографски проект на „Хитмејкер“ – Ѓорѓе Новковиќ. Стефановски претставува инструментални верзии на десет евергрин од Ѓорѓе Новковиќ снимени со Кралскиот филхармониски оркестар во легендарното „Аби Роуд Студио Уан“. Кралската филхармонија ја водеше познатиот диригент и добитник на Греми наградата, Стив Сидвел. Графичкиот дизајн на изданието е на iCCKelčec, додека албумот е миксуван, мастериран и продуциран од Горан Мартинац.
Многу сум среќен што сум дел од овој проект, престојот во тој контекст е нешто многу посебно. Добив понуда од „Кроација рекордс“ да направам 10 инструментални верзии на песни кои се дел од големото дело на Ѓорѓе Новковиќ и големиот проект „Хитмејкер“. Тоа е толку луксузен и амбициозен проект што ја прифатив поканата со големо задоволство“, рече Влатко Стефановски.
Со ова издание, Croatia Records дополнително ја проширува приказната за проектот Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ и ѝ носи на публиката ново, интимно и врвно изведено музичко искуство, зад кое стои гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски.

Македонски




