Skip to main content

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ денеска во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи на 30.01.2026 /петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.

На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983 година, на „Рок Парадата“ во салата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални  групи.

Првото појавување на групата e на  12 март 1983 година, на „Рок Парадата“  во салата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални  групи. Со енергичен настап и природен  контакт со публиката, Чоканче веднаш се издвојува, а тој ден засекогаш ја  промени рок сцената во Битола. Од 1986 година па наваму, групата настапува со свои авторски песни, снимани за Радио Битола и Македонската Радио и Телевизија. И покрај прекините во работењето, групата Чоканче останува присутно повеќе од  четири децении, постојано носејќи ја  својата енергија пред публиката.

Во периодот 1994–1995, во студиото на  Миодраг Неќак – МИКС започна снимањето  на дуплиот албум Чоканче 1&2, издаден  на касета и промовиран во клубот  „Андерграунд“ – Битола,  Дом на млади – Штип и  Дом на млади – Скопје. Во 2024 година дел од песните беа  реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт диск.

 Групата претрпуваше промени во составот,  но остана верна на својот препознатлив звук.

Денес Чоканче се: Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко.

Голема благодарност на оние кои беа дел од Чоканче и сите оние кои несебично ни помагаа . Гооолема благодарност на сите  кои беа со нас сите овие години, велат од Чоканче.         

Поврзани вести