
Аргентинско-американскиот музичар Лало Шифрин, кој компонираше музика за десетици холивудски филмови и ТВ серии, почина на 93-годишна возраст, објавија медиумите во четврток.
Тој бил и пијанист и диригент, и имал шест номинации за Оскар за филмска музика, вклучително и за филмовите „Казнителот во ладна крв“ од 1967 година и „Ужасот во Амитвил“ од 1979 година, објави „Ројтерс“.
Меѓу другото, тој ја компонирал музиката за филмската серија „Валканиот Хари“, полицискиот инспектор Хари Калахан, кој го игра американскиот актер Клинт Иствуд.
Во 2018 година, Шифрин доби почесен Оскар за животно дело кој му го додели Клинт Иствуд.