
Со концерт на пијанистката Гамазда од Русија, вечер во Битола завршува 17. издание на фестивалот „Музија од светот“.
Од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека светски познатата пијанистка и YouTube сензација Гамазда, својот уникатен стил и виртуозна интерпретација ќе ги презентира во големата сала на битолскиот театар.
-Уметницата Гамазда изгради импресивна меѓународна кариера благодарение на својот препознатлив стил, динамична, енергична и технички беспрекорна интерпретација на култни песни од бендови и изведувачи кои го обликувале модерниот музички свет. Нејзините видеа имаат милионски прегледи, а нејзиното име е синоним за свеж, автентичен и модерен пристап кон рок музиката на пијано. Преку своите настапи, Гамазда успева да внесе нов живот во легендарни композиции, претворајќи ги во пијано изведби полни со емоција, енергија и раскошна музичка техника. Затоа денес се смета за една од највпечатливите и најследени музички уметници на дигиталната сцена, најавија од НУ Центар за култура во пресрет на вечерашниот завршен концерт на фестивалот „Музика од светот“ во Битола.

Македонски






