
На 26 декември 2025 година во „Борис Трајковски Арена“ ќе се одржи спектаклот MAHMUT ORHAN – THE ARENA EXPERIENCE, голема електронска вечер што организаторите ја најавуваат како најголем зимски музички настан во земјата. Mahmut Orhan е еден од најпрепознатливите светски артисти во модерната електронска сцена и редовен учесник на водечките фестивали како Tomorrowland, Zamna и EXIT.
Настанот ќе се реализира со двочасовен премиум сет, специјални визуелни ефекти и продукција на високо професионално ниво, со цел да се понуди ново и невидено аудио-визуелно искуство во македонска арена. Во програмата се вклучени Stasi Sanlin, интернационална dj-ка и продуцентка позната по длабок и мелодиски звук со афро-елементи, како и триото People Like Us, препознатливо по динамична клубска енергија и силна интеракција со публиката. Настанот го дополнуваат Lephonq b2b Branchez, истакнати имиња од домашната електронска сцена и најслушаните радио станици.
Бројот на билети е строго ограничен. Билетите се достапни на www.mktickets.mk, а VIP и PREMIUM VIP категориите се продаваат исклучиво во Intermezzo Music Bar.

Македонски








