
Два концерта. Два музички света. Една сцена, најавуваат од Фејмс институтот концерти на 10 и на 17 феврурари.
Добредојдовте на FAME’S Institute. Овој февруари ви претставуваме два неверојатни уметници од сосема различни светови – се на една сцена.
Најпрвин запознајте го Даниел Роуланд – реномираниот виолинист од Холандија, моментален професор на Лондонскиот Royal College of Music и основач на меѓународниот музички фестивал „Штифт“, кој за вас ќе отсвири селекција на класични дела со неверојатна емотивна длабочина, минималистички структури и оркестарска сложеност – ретко изведувани како заокружена целина во ваков едукативно-концертен контекст.
Потоа, ви го претставуваме дуото Тим Редмонд и Даглас Маринер – диригент-тапанарски хибрид кој спојува класика и џез. Тие ви нудат селекција од најпознатите дела од џез, блуз, па дури и поп/диско сфери – со имиња како Дук Елингтон, Чарли Паркер и Стенли Гетц – на еден извонредно уникатен концерт.
Концерт 1 | Studio to Stage
Македонска филхармонија – Камерна сала
10 февруари 2026Финален концерт од програмата со Даниел Роуланд, фокусиран на професионално оркестарско снимање, интерпретација и разбирање на процесот „од студио до сцена“. По неколкудневно снимање на делата во нашето студио, Даниел го носи оркестарот во Филхармониската сала, претставувајќи за вас бројни дела опфатени со чувства на загуба и трансформација, на отпорност, триумф и копнеж.
Програма:
Philip Glass – The American Four Seasons
Pēteris Vasks – Musica dolorosa
Richard Strauss – Metamorphosen
Во спротивност на Даниел, Тим и Даглас ви носат програма со целосно различен став, опкружувајќи ја 20-вековната модерност со сензибилноста на класичниот свет.
Тимоти Редмонд е професор на Ѓилдхолската школа за музика и драма, и диригент на Кралската филхармониска оркестар. Даглас Маринер е џез тапанар од Њујорк со оригинално класична позадина, кој редовно настапува со бендови и оркестри како Vince Giordano and The Nighthawks, Terry Waldo’s Gotham City Band, Detroit Symphony Orchestra и други реномирани ансамбли. Како дуо, тие се спремни да ви претстават избор на познати дела со свеж, енергичен и неконвенционален пристап кон оркестарската музика.
FAME’S Institute е меѓународна, независна едукативна платформа за класична и современа музика, која четири години создава меѓународна колаборација помеѓу млади професионални музичари и врвни светски уметници, диригенти, педагози и институции. Основан во Скопје, FAME’S Institute е препознаен регионален центар за музичка извонредност, каде образованието, уметноста и сценската пракса се спојуваат во автентично професионално искуство. Двете концертни вечери се кулминација на нивните меѓународни оркестарски курсеви, создадени низ интензивна повеќе-дневна работа, креативна размена и директна сценска практика.

Македонски




