Skip to main content

Диско во Македонската опера и балет: Василичарскиот концерт донесе современа интерпретација на хитовите на Дона Самер, АББА, Мајл Џексон…

Македонската опера и балет синоќа го одржа традиционалниот концерт по повод празникот Василица, годинава насловен „Диско вечер“.

Џудит. Н. Беноа од Велика Британија, Даниел Ситрит и Мартин Лин од Данска, Клара Лукас од  Германија и Ана Петановска од Македонија, хитовите на Глорија Гeјнор, Дона Самер, АББА,  Би Џис (Bee Gees), Мајкл Џексон и многу други ги претставија во современа интерпретација.

Солистите ги придружуваше Оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар кои најпознатите диско и поп хитови од 1970-тите и 1980-тите години ги донесоа во сосема ново руво: низ симфониски аранжмани што ја прошируваат нивната оригинална форма и ги поставуваат во контекст на современа концертна естетика.

„Диско вечер“ создава мост меѓу жанровите, генерациите и музичките традиции поврзувајќи ја популарната култура со институционалната сцена на класичната музика. Таквата синтеза ја нагласува отвореноста на македонската Национална опера и балет кон современите културни текови и нејзината мисија да понуди програми што се истовремено квалитетни, иновативни и достапни за пошироката јавност,. 

Режисер на концертот е Дејан Прошев, диригент  Емин Џијан, сценограф и автор на видеодизајнот Марија Ветероска и светломајстор Милчо Александров.

Поврзани вести