![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/4-kabare-1024x512.jpg)
Кабаре „Нека остане међу нама“ (Нека остане меѓу нас), Скопје, (Сара Спиркоска, посебна гостинка)
Датум: 22.02.2025 / Почеток: 20:00 / Времетраење: 90`
Локација: Ј.У. КИЦ (Салон 1919), Скопје
По успешните настапи во Белград, Бањалука и Котор, регионалната турнеа на кабарето „Нека остане међу нама/Нека остане меѓу нас“ продолжува со гостување во Скопје. Гостувањето го организира Македонскиот центар ИТИ/ПРОДУКЦИЈА во соработка со КИЦ Скопје – Салон 1919, на 22 февруари 2025 г., со почеток во 20ч. Специјална гостинка ќе биде македонската актерка Сара Спиркоска. Што се случува кога македонско девојче ќе запее во дует со бањалучкиот самопрогласен поет Небојша Курузовиќ, сигурно е дека тоа ќе одекне и ќе се види; за да остане „меѓу нас’’, за уште многу години.
Веројатно е дека некогаш сте имале искрен разговор со некоја личност, по кој ви станува јасно дека сте станале поврзани и поинтимни. Од друга страна, донекаде ви е жал што тој разговор не е документиран за да остане за генерациите кои доаѓаат. Токму тој момент ќе се случи на сцената преку општествено – ангажираната кабаретска драма која се изведува преку искрените стихови на Небојша Курузовиќ и ја претвора музиката во дуо драма во мигот на изведба, помеѓу изведувачите и некој од гостите во публиката. Уметникот овозможува – лицето од публика слободно да се јави и со него/неа искрено да разговара на темите кои се кријат во шапките како: „Криза на демократијата’’, „Помирување и предизвици на дигиталниот свет’’ и „Љубовта и солидарноста ќе го спасат светот’’. Зависно од темата која ќе ја изберат, на крајот од разговорот, ќе можат од шапката да го извлечат името на песната која ќе биде изведена и пропратена од најдобриот џез бенд од Бања Лука – „Комбине’’. Специјална гостинка од Македонија ќе биде актерката Сара Спиркоска; која ќе изведе единствен поетски дует со Небојша Курузовиќ. Како сето тоа ќе изгледа, ќе дознаете ако ни се придружите. Само – „Нека остане тоа помеѓу нас.’’
Регионалната турнеа се реализира во рамките на проектот „Уметност на јавен говор и регионална соработка’’ со поддршка на Британскиот совет, а во рамките на грантовската рамка Култура и креативност за Западен Балкан CC4WBs. CC4WBs е финансиран од страна на Европската унија и има за цел да го унапреди дијалогот во регионот преку засилување на креативниот и културен сектор, развивајќи го неговиот потенцијал за општествено-економски влијанија во регионот.
Бесплатни билети за пензионери и студенти