
Во Центарот за култура во Битола вечер ќе се одржи проекција на македонскиот документарен филм „Градина“ или „Приказна за последните урбани герила градинари.“ Тимот што го подготви и сними филмот информира дека „Градина“ е посветен на последните герила градинари во Скопје кои по триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, се соочени со иселување.
На културниот настан ќе гостуваат режисерот Бојан Тантуровски, продуцентот Илија Тирицовски и кинематограферот Кирил Шентевски, со кои по проекцијата ќе следува дискусија за филмот.
Проекцијата на македонскиот документарен филм „Градина“ е закажана за 19 часот во малата сала на Центарот за култура-Битола, каде ќе се емитува и во наредните денови, до 12 април.