
Од денеска до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на „Кичево филм фестивал“ кој, како што најавија организаторите, ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо.
Фестивалската програма опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, настапи на диџеи и аудиовизуелни перформанси.
Ќе биде организирано и свечено затворање на фестивалот со доделување на две главни награди, од кои едната е за трајни вредности во филмот.
Влезот за сите фестивалски содржини е слободен.

Македонски



