
Ограничен број на билети се пуштени во продажба за македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, соопштија од тимот. Ова е поради ограничениот капацитет во салата, додаваат оттаму.
Премиерата ќе се одржи на 4. јануари 2026 година, со почеток во 20:30 часот, во Македонски народен театар, каде филмот првпат ќе биде прикажан пред домашната публика по своите меѓународни премиери и фестивалски успеси.
Филмската екипа на „Силјан” ќе присуствува на проекцијата и ќе ги поздрави гостите.
Билетите се достапни преку платформата drugastrana.mk на следниот линк: https://drugastrana.mk/event/prikaznata-za-siljan/

Македонски






