
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на ЛАЗАР на Светозар Ристовски.
13 јули | 19:00 часот
Cineplexx
Влезот е бесплатен.
ЛАЗАР – Светозар Ристовски.
Приказна за илегалниот транспорт на мигранти и бегалци. Откако таткото на Лазар го напушта семејството, тој мора брзо да порасне и почнува да се занмава со шверцување мигранти преку грчко-македонската граница. Но се’ ќе се промени кога ќе се вљуби во Катерина и ќе реши да го напушти светот на криминалот.
Во актерската екипа се: Наташа Петровиќ, Дејан Лилиќ, заедно со Красимира Кузанова и Александар Сано, двајцата од Бугарија.
Дојдете и уживајте во македонскиот филм на големо платно.

Македонски



