
Македонската актерка Маја Љутков ја доби наградата за најдобра актерка во краток игран филм „Не заборавај да се насмееш“ (Don’t forget to smile) во режија на Давид Дулев, на онлајн фестивалот New York Film & Actress Awards.
Во филмот, таа толкува лик на наставничка која ги учи децата како да се смеат.
Во филмот играат и Александар Микиќ, Софија Јанчовска, Рхаим Ибраими, Сирма Љутков.
Продуцент е Блаже Дулев, а автор на сценариото – Онур Озџан. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски. Филмот е продуциран во 2025 година.
Инаку, фестивалот е дел од филмската мрежа на Imdb, а Best Film Awards организира онлајн гласање на филмаџии од цел свет.

Македонски




